Направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа. Ова го соопшти денеска Министерството за здравство.
Од новозаразњените во Скопје се 190 случаи, во Кавадарци 29, Велес 19, Делчево 16, Куманово 14, Охрид 12, Дебар 12, Гостивар 11, Прилеп 7, Штип 7, Битола 7, Берово 7, Демир Капија 7, Кичево 6, Тетово 5, Струмица 5, Гевгелија 5, Свети Николе 4, Неготино 4,Виница 4,Струга 3,Кочани 3,Крива Паланка 3,Радовиш 3,Крушево 3,Ресен 2,Пробиштип 2,Кратово 2 и Пехчево 2.
–Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови, наведува Министерството.
Регистрирани се 387 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726. Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.