Темно Режим Светло Режим

Од утре до сабота традиционалните студентски средби „Скомрахи” во драмски театар

Од утре до сабота традиционалните студентски средби „Скомрахи” во драмски театар

На Факултетот за драмски уметности од утре до 8 ноември ќе се одржат Студентските средби „Скомрахи”, со учество на студенти од повеќе европски драмски академии.

„Годинашните средби, целосно се конципирани и програмирани од студентите на ФДУ, кои се инспирирани од желбата да се откријат нови реалности и алтернативни перспективи за уметноста, театарот и човековото постоење.

Под мотото „Друг свет”, фестивалот го истражува просторот помеѓу имагинарното и реалното, границите на телото, идентитетот и сцената”, наведува организаторот.

Сите настани ќе се одржуваат во Драмскиот театар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Општина Центар со мерачи ќе лови кафулиња што прават голема бучава

Следниот Пост

Меџити од денеска го презеде раководењето на Чаир