Олдтајмери ќе продефилираат по скопските улици

Во пресрет на Новата година „Буба клуб“- Македонија в сабота ќе го организира петтото по ред новогодишно олдтајмер возно дефиле. Неколку клуба ќе продефилираат низ улиците на Скопје, по што од 18 часот ќе се паркираат на паркингот на трговскиот центар „Веро Центар“.

Возното дефиле ќе почне од 17.30 часот од Зоолошка градина, ќе помине пред Владата, па ќе се упати кон сефаморите на ТЦ „Палома Бјанка“, потоа преку Рекорд, Собранието ќе сврти лево и ќе помине покрај Олимписки базен, по што ќе сврти десно кон Железничка станица и ќе се упати се до крајот на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром.

На семафорите кај булеварот „Србија“ ќе сврти полукружно и ќе се врати по истата рута до семафорите по Железничка станица каде ќе се упати преку споредните улици на населба Пролет кон влезот на „Веро Центар“, каде ќе се паркираат возилата.

Сите кои се заинтересирани и сакаат да ги видат накитените коли во новогодишно празнично издание, ќе можат да го сторат тоа до 21 часот.

Претходна вестОгласот за советник во М-НАВ бил објавен „по грешка“
Следна вестMаж паднал од четирицикл и тешко се повредил