Темен режим Режим на светлина

„Македонска реч“ го објави третиот том од проектот Избрани дела од Горјан Петревски

„Македонска реч“ го објави третиот том од проектот Избрани дела од Горјан Петревски, со романите: „Марта“, „Другата Марта“ и „Сама“. Проектот е поддржан од Министерството за култура. Ќе содржи 18 романи на Петревски во шест тома (по три романи во секој том). Се подготвува по повод 70 години од животот на авторот и 50 години од излегувањето на неговата прва книга.

Во првиот том беше објавена трилогијата: „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот со Споменка“, а во вториот: „Исти очи“, „Далечна љубов“ и „Пламени залези“.

Дизајнот, кориците и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески.

Горјан Петревски е еден од најчитаните автори за деца и тинејџери.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мартин Мирчевски, скопјанец кој донира: Со доброто враќам за хуманоста што сум ја почуствувал

Следна објава

Американската војска изврши напади во Ирак