ООУ „Григор Прличев“ во Железара доби систем за греење и ладење, со што секоја училница е опремена со клима уреди, информира Општина Гази Баба. Станува збор за проектот „Климатизирани училници“, со кој ова училиште станува прво на територија на општината со целосно климатизирани простории.
Од Општината посочуваат дека инвестицијата има за цел подобрување на условите за настава и зголемување на концентрацијата и резултатите кај учениците.
Проектот ќе продолжи и во други училишта во општината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





