Темен режим Режим на светлина

Општина Аеродром ќе штеди струја: Фонтаните нема да работат, ќе се намали осветлувањето по парковите и улиците…

Ќе се презема повеќе мерки за штедење на електрична енергија, информира скопската општина Аеродром. Со мерките се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија, со што значително ќе се придонесе за полесно надминување на енергетската криза во Македонија и сериозниот удар што таа го нанесе врз општинскиот буџет.

– Мерките предвидуваат следно – престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешното осветлување, осветлувањето во парковите на територија на Општина Аеродром ќе биде редуцирано, односно светилките ќе работат преку една, а целосно ќе се гасат во 1:00 часот по полноќ, уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува Општина Аеродром ќе биде редуцирано, односно ќе работи преку една светилка и ќе се гаси 2 часа порано од вообичаеното, рефлекторите на спортските игралишта ќе престанат со работа од 1 октомври, соопшти општина Аеродром.

Во соопштението се наведува дека со овие мерки става крај на неразумното трошење на електричната енергија и почнува со рационално управување со средствата.

-Истовремено ги информираме граѓаните дека и во услови на енергетска криза не престануваме со работа, туку интензивно ќе работиме на подобрување на условите за живот и работа за секој еден граѓанин и ќе ги реализираме ветените проекти, наведуваат општинарите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Лиз Трас ќе го наследи британскиот премиер Борис Џонсон

Следна објава

Градските улици и булевари се подновија со 10.000 квадратни метри хоризонтална сигнализација