Темен режим Режим на светлина

Општина Центар објави повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби

Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите” и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства.

Во таа насока, Општина Центар распиша јавен повик за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што трае учебната година, ќе бидат по 4 часа со таргетираните ученици и ќе им го олеснат следењето на наставата.

Предност, како што соопштија од општината, ќе имаат кандидатите што имаат завршено високо образование – дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог или дипломиран социјален работник, имаат искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти и поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост издадена од овластена институција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Зеленски: Русија лансира повеќе од 100 ракети врз Украина, имаме голема штета на енергетскиот сектор

Следна објава

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Тетово – Гостивар