Темен режим Режим на светлина

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Тетово – Гостивар

Шест лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера на патот Тетово – Гостивар, информира полицијата.

МВР соопшти дека вчера околу 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Гостивар, во с.Калник, тетовско, се случила сообраќајна несреќа. -До сударот дошло помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Ново Село, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(62) од с.Пршовце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „сеат“, М.И.(46) и малолетник, додека со телесни повреди се здобиле возачите А.И. и Ј.А. и сопатниците во возилото „сеат“ Д.С.(23) и Е.Г.(26), констатирани во Клиничка болница Тетово, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Општина Центар објави повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби

Следна објава

Во Ѓорче Петров ќе профункционира прв социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар