Ослободителна пресуда доби Бонева за „Друмарина“

Ослободителна пресуда доби поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева за случајот ,,Друмарина” поврзан со користењето на патни трошоци. Таа беше обвинета за кривичното дело- измама во службата.

Бонева се гонеше дека во периодот од 2011 до 2015 година до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, по што и биле исплатени над 10 илјади евра, иако имала стан во Скопје и не патувала за да присуствува на седници на Собранието.

– Според првостепната, неправосилна, пресуда судот утврди дека Јавниот обвинител, надвор од разумно сомнение, не го докажа делото кое и се става на товар на обвинетата, а во однос на оштетното побарување на РСМ, застапникот го упати на спор, соопштија од Кривичниот суд.

Судот притоа ја укина и Забраната за отуѓување и ставање под хипотека на недвижен имот на име на обвинетата и нејзиното семејство. Случајот го водеше поранешното СЈО, а потоа го презеде ОЈО.

Претходна вестНа навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички им е забрането присуство на куп-полуфиналето во Битола
Следна вестВо Србија пристигна ново руско оружје-уништувач на дронови