МВР со објаснување: За сообраќајни и возачки дозволи не се наплатува, но се наплатува административна такса – ќе предложиме измени на законот

На граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за издавање на сообраќајни и возачки дозволи, соопшти денеска МВР. До соопштението доаѓа по бројни реакции на граѓаните кои тврдат дека при тековното менување на старите возачки и сообраќајни дозволи им се наплатувале новите обрасци.

Граѓаните на социјални мрежи споделуваа фискални сметки добиени на шалтерите на МВР по станици за технички прегледи на возилата од кои се гледа дека за бесплатно менување на сообраќајна дозвола платиле по 990 денари.

-Ги известуваме граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година, се наведува во соопштението.

Се додава дека граѓаните сепак ја плаќаат административната такса.

-Но, за истите документи пропишана е административна такса која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа, соопшти МВР.

Претходна вестАмбасадорите на Османи работат против националните интереси на Македонија и покажуваат базична неписменост, велат од Левица
Следна вестИселениците во странство до 18 март можат да се пријавуваат за гласање во ДКП-та