Мицкоски до Ахмети: Ова е одлична можност за пензионирање, но излези и сам објави ја својата кандидатура

Христијан Мицкоски го повика Али Ахмети да ја прифати транспарентноста во претседателската кандидатура.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати охрабрувачка порака до Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Пораката е во врска со најавената претседателската кандидатура на Ахмети, при што Мицкоски ја нагласи потребата од транспарентност и автентичност.

Сепак од ДУИ нема јасен став, а не ни може да се добие. Артан Груби не одговара на пораките кои ги добива, а вчера со фотографија на социјалните мрежи покрена коментари и шпекулации. Сепак, некои портали на албански споделија неофицијални информации дека Ахмети ќе се кандидира.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, признавајќи ја можноста Ахмети да се кандидира за претседателската функција, го советува да зачекори во центарот на вниманието без да се крие зад порталите кои шират сомнителни информации.

Мицкоски му порача да Ахмети дека оваа е одлична можност за незаслужено политичко пензионирање.

Претходна вестМВР снемува обрасци за пасоши, значителна количина пристигнува кон крај на месецот
Следна вестТошковски во посета на Центарот за обука на МВР