По бурните реакции на јавноста околу котроверзниот музеј отворен во кумановското село Сопот (во присуство на Али Ахмети) денеска се огласи министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи. Тој вели дека музејот што викендов беше отворен погрешно бил претставен како музеј на УЧК.
Османи рече дека партискиот лидер Али Ахмети присуствувал како гостин, а прашањата за сопственоста на имотот треба да се упатат до организаторите, иако, според неговите информации се работи за семејно земјиште.
Додаде дека ДУИ нема удел во тоа, туку Ахмети присуствувал по претходно доставена покана.
На прашањето зошто тогаш целиот објект е со иконографија на УЧК, Османи нагласи дека станува збор за музеј кој е погрешно претставен како музеј на УЧК бидејќи, рече, одбележува трагичен настан од 1944 година.