Темен режим Режим на светлина

Осум лица се степале во кафеана во Центар

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден дошло до масовна тепачка во угостителски објект во центарот на Скопје.

-На 10.10.2021 во 00.15 часот било пријавено дека во кафеана на подрачјето на Центар, по предходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.А.(24), Т.С.(32), А.П.Ч.(37), од една страна и Б.А.(25), Д.К.(54), П.А.(31), З.К.(57), Д.Р.(56), од друга, сите од Скопје, велат од полицијата.

Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.2 од ЗППЈРМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Возел со 4,26 промили алкохол во крвта

Следна објава

По две години ја уапсиле за обид за убиство