Темен режим Режим на светлина

По две години ја уапсиле за обид за убиство

Полициски службеници од полициската станица во Делчево, синоќа околу 2 часот по полноќ, во селото Тработивиште уапсиле 30-годишна албанска државјанка.

За жената, со место на живеење во делчевското село, постои сомнение дека во 2016 година сторила кривично дело по член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик – убиство во обид, велат од МВР.

Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Осум лица се степале во кафеана во Центар

Следна објава

Петровска: Има решение за депонијата Вардариште