Темно Режим Светло Режим

Падната ограда од куќа во изградба тешко повреди жена во Стајковци

Со тешки телесни повреди се здобила жена во скопско село Стајковци во инцидентот што се случил вчера, соопшти полицијата.

-На 11.01.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, Р.В.(64) од с.Стајковци,скопско пријавила дека околу 16.30 часот додека се движела по улица во с.Стајковци врз неа паднал дел од ограда на куќа во изградба. Жената била пренесена во Градската општа болница„Св.Наум Охридски” каде од доктор и се констатирани тешки телесни повреди, се наведува во информацијата.

Извршен е увид на местото на настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи СДСМ за клеветите изречени за Мицкоски

Следниот Пост

Македонија оди на ракометниот мундијал во Египет, Чешка се откажа