Во Драчево казнет 101 возач, 14 возеле без возачка дозвола

Вкупно 101 возач е санкциониран за различни прекршоци при вчерашната полициска контрола во скопско Драчево.

-Од изречените мерки 14 се за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила, шест за брзо возење, две за возење под дејство на алкохол, девет санкции за користење на мобилен телефон, соопшти денеска МВР/

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.

Претходна вестКога ги нема мерките помогна дождот: Нивото на Преспанското Езеро порасна за 14 сантиметри
Следна вестВечерва се слави Стара нова година, а утре е Василица и Обрезание Господово