Пандев со критики кон ФФМ, по дебаклот од Англија: Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал

По поразот на Македонската фудбалска репрезентација од Англија, покрај другите реагираше и еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Горан Пандев. Тој упати критика до раководството на Фудбалската федерација на Македонија.

Пандев на својот Инстаграм профил сподели фотографија од претседателот Мухамед Сејдини, спортскиот директор Данчо Масев и селекторот Благоја Милевски, додавајќи дека тие се најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал.

– Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал. Нека ни е на чест на сите, порача Пандев.

Ова не е првпат тој да упати критики кон раководството на ФФМ откако започнаа несогласувањата меѓу него со актуелното раководство на федерацијата, уште пред настапот на Македонија на Европското првенство во Букурешт и Амстердам во 2021 година.

Фудбалската Федерација на Македонија е катастрофа, а со нејзиниот прв човек Мухамед Сејдини нема што да разговарам бидејќи тој не разбира фудбал. Ова, меѓу другото, го изјави македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев во емисијата на некогашниот хрватски фудбалер Марио Станиќ, „(Не)успех првака“.

 

 

Претходна вестБелградска филхармонија предводена од Зубин Мехта ќе гостува во Скопје
Следна вестХоландска компанија го купува мнозински удел во клиниката „Жан Митрев“