За македонскиот претседател Стево Пендаровски не постои политичка терминологија, која го користи изразот бојкот на попис. Ова тој го истакнува во интервју за МИА.
-Разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не мислам дека кабаетот овде е само сто процентно на едната страна опозициона, но би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени. Зошто да не, вели претседателот на државата.
Тој додава дека на овие простори пописот се врзува за политичка операција затоа што се уште правата на луѓето, во меѓународна терминилогија правата на човекот, се гледаат пред се низ националната призма, поради што ни треба статистичка оперција без политички мешања.
-Значи ако вие се обидувате со одредена реторика да кажете дека ние не сме толку колку што ќе прикаже пописот утре, а затоа имате скриена политичка агенда, тогаш е чесно да го кажете тоа однапред, а не по пописот. Инаку Ве уверувам дека не постои политичка терминологија која користи израз бојкот на попис. Не постои. Вие може да не ги признаете резултатите, тоа е легитимно, меѓутоа не постои израз ќе ги повикаме граѓаните да го бојкотираат пописот. Такво нешто немам чуено до сега да се случило во европската политика. Сакам да излеземе со јасни ставови дека ова сакаме навистина да биде, не затоа да скриеме некоја друга агенда ако воопшто има скриена агенда. Затоа не мислам дека треба да потпалуваме повеќе огнови од оние кои веќе ги имаме години, години и веќе ги знаеме сите, пред се во економско социјалната сфера во која тешко се живее, демографската сфера во која многу млади луѓе заминуваат и уште ни фали и тука да направиме проблем каде што го нема, вели Пендаровски.