Од понеделник анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“

Лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП граѓаните од понеделник ќе може да прават во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“, соопшти денеска Министерството за здравство.

Овие анализи се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите. Во трите поликлиники, од следната недела ќе има посебен план, лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во темини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

-Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена улуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување, изјави директорот на Здравствен Дом Скопје д-р Виктор Исјановски.

Поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“ се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на бараната здравствена услуга.

Претходна вестЗа една недела градски „пајак“ собрал 168 возила
Следна вестДаштевски: Јас сум најнепартиски член