Темен режим Режим на светлина

Пет години затвор и доживотно протерување за тројца турски државјани за случајот во Штип

Пет години затвор и доживотно протерување за тројца турски државјани за случајот во Штип Пет години затвор и доживотно протерување за тројца турски државјани за случајот во Штип

Основниот суд во Штип изрече затворски казни од по пет години за тројца турски државјани обвинети за помагање во убиството што се случи во мај 2025 година на градскиот плоштад во Штип. Пресудата денеска ја соопшти судијката Јулијана Недкова, а осудени се Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдур.

Покрај затворската казна, судот им изрече и мерка трајно протерување од државата. Како што образложи судијката Недкова, протерувањето ќе стапи во сила по издржувањето на казната затвор и ќе важи доживотно, односно осудените повеќе нема да можат да се вратат на територијата на Македонија.

Во изречената казна ќе им биде пресметан и периодот што обвинетите го поминале во притвор, почнувајќи од 5 мај минатата година.

Во истиот предмет, четвртообвинетата доби затворска казна од три месеци, која веќе ја има издржано преку времето поминато во притвор и куќен притвор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Роналдо со 961 гол го одбележува 41-виот роденден

Кристијано Роналдо влезе во сопственичката структура на Алмерија

Следна објава
Првпат прва дама на САД на чело на Советот за безбедност на Обединетите нации

Првпат прва дама на САД на чело на Советот за безбедност на Обединетите нации