Темен режим Режим на светлина

Планирани технички зафати: Дел од Скопје денеска без електрична енергија

Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар и Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во општина Центар, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мирослав Крлежа“, „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Орце Николов“.

Во општина Карпош, пак, од 09:00 до 14:00 часот електрична енергија нема да имаат корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов“, во делот во близина на хотел „Гранит“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЈП „Водовод и канализација“ најави прекин на вода во Чаир

ЈП „Водовод и канализација“ најави прекин на вода во Чаир

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Денеска сонце и слаб северен ветер, од вторник повторно потопло