Темен режим Режим на светлина

Полицијата во Скопје за еден ден казни над 200 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, пет санкции за возачи почетници.

Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Следна објава

 80 години од формирањето на Прва македонско-косовска ударна бригада: Против окупаторите заедно се бореа Македонци, Албанци, Срби, Црногорци...