Темен режим Режим на светлина

Поради инцидентот во Охрид, Дејан Манасков суспендиран на три месеци

Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод настаните што се случија по дерби дуелот од последното коло од домашниот шампионат помеѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер.

Охрид го победи Еурофарм Пелистер, а настаните кои се случија потоа, отворија работа и за дисциплинската комисија.

Официјални суспензии добија ракометарот Дејан Манасков кој што ќе треба да одлежи тримесечна казна, додека пак, Крсте Андоновски (помошник тренер на Охрид) ќе го нема на три натпревари.

На двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Возач прегазил прилепчанка, жената со тешки повреди пренесена во болница

Следна објава

Смрт на новороденче на ГАК: Дали станува збор за лекарска грешка?