Темен режим Режим на светлина

Поради палењето на Куранот запалена шведската амбасада во Ирак

Стотици демонстранти кои протестираа против палењето на Куранот синоќа упаднаа во амбасадата на Шведска во центарот на Багдад, при што запалија дел од зградата. Серија видеа, објавени на социјалните мрежи, покажуваат луѓе кои се собираат околу шведската амбасада околу еден часот по полноќ синоќа, извикувајќи слогани за поддршка на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр.

Еден час подоцна, имаше напад на амбасадата, а на видеата се гледаше како чад се издига од зградата во комплексот на амбасадата и демонстрантите кои стојат на нејзиниот покрив.

Сите вработени во амбасадата се добро, се вели во соопштението на шведското Министерство за надворешни работи, кое го осудува нападот и ја нагласува потребата ирачките власти да ги заштитат странските дипломатски претставништва.

Демонстрациите беа организирани на покана на приврзаниците на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр во знак на протест против второто планирано палење на Куранот во Шведска за неколку недели.

Ел Садр е една од најмоќните фигури во Ирак, која командува со стотици илјадници следбеници. Минатото лето тие ја окупираа силно утврдената Зелена зона во Багдад и учествуваа во судири, во кои имаше и жртви.

Ирачката влада остро го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад, а безбедносните сили добија наредба брзо да истражат и да ги казнат одговорните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ДКСК: Државата оштетена за над 4 милиони евра откако „Пуцко Петрол“ го присвоил конфискуваниот имот на „Трансмет“

Следна објава

Додека багерите се загреваат „Шанса за Центар“ го оспори ДУП-от за „Треска“ пред Уставен суд