Темен режим Режим на светлина

Повредена жена во судар на автобус и кола во Ѓорче Петров

Вчера напладне на улицата Новоселски пат се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и автобус, пришто сопатничката од автомобилот се здоби со тешки повреди.

Во несреќата учествувале патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(72) од Скопје и автобус „евробус“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(35) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото П.С.(71) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски бара избори во мај или јуни откако Македонија не доби датум за преговори

Следна објава
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Стејт департмент: 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во ИД, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале