Темен режим Режим на светлина

Стејт департмент: 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во ИД, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале

Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

На територијата на Македонија во 2020 година немаше терористички напади и не е забележано заминување на поединци за стапување во ИД, но главниот проблем во борбата со тероризмот во земјата е враќањето на терористичките борци дома, констатира американскиот Стејт департмент,  во Извештајот.

Националниот Комитет за борба со насилен екстремизам и тероризам забележал 143 граѓани на Македонија кои претходно патувале или се обиделе да патуваат за Сирија и Ирак со цел стапување во терористички ќелии.

Од 127 возрасни лица кои престојувале во Сирија и/или Ирак, 38 биле убиени, 69 се вратиле во Северна Македонија, а 19 останале, се наведува во Извештајот.

Управата за финансиско разузнавање во 2020 година добила два извештаи за сомнителни трансакции за финансирање тероризам и осум неформални извештаи; поднесе девет извештаи до надлежните институции за понатамошна истрага.

Во Извештајот на Стејт департментот се наведува и дека Скопје има тесна соработка со останатите балкански земји во областа на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Повредена жена во судар на автобус и кола во Ѓорче Петров

Следна објава

Шекеринска: Не ги научивме лекциите, не ги разбравме пораките, нема да бидам во следната влада