Темен режим Режим на светлина

Жител на Шишево кој измачуваше куче фатен на излез од земјава

Вчера на Граничниот премин Табановце полиијата го приведе осумнаесетгодишниот жител на Шишево, општина Сарај, кој е осомничен за грозоморниот чин, кога во текот на летото фрли куче од мост во река и потоа објави фотографии на социјалните мрежи.

Полицијата вчера при пасошка контрола утврдила дека против него е распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.

Во ЕВР Ѓорче Петров, во службен разговор, признал дека го сторил делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски предложи Гаши да биде новиот мандатар, од Алтерантива му вратија дека се веќе дел од друга Влада

Следна објава

Ќе има ли утре конечно снег?