Пожарот во МИА изгаснат, еден пожарникар се гушел, внатре не работел ниту еден хидрант…

Причина за пожарот најверојатно е електрична инсталација, изјави денеска Владимри Симоновски, командир на Скопската противпожарна бригада откако беше изгаснат утринскиот пожар во зградата на СЕП, МИА и Државниот инспекторат за животна средина.

– Станува збор за сложена интервенција. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе, изјави Симоновски.

Во пожарот немало повредени лица, а при интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала Екипа на брза помош. Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.

Според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина.

Претходна вестМаски не носеле 485 лица, следуваат казни
Следна вестБоки 13 опериран откако добил воспаление на желудникoт