Темен режим Режим на светлина

Премиера на „Работи за кои не зборуваме“ наскоро во МНТ

„Работи за кои не зборуваме“ е насловот на претставата која во моментот се подготвува на малата сцена на Македонскиот народен театар, во режија на Нела Витошевиќ.

Содржински, претставата е сконцентрирана на личните приказни на актерите, но и на луѓето воопшто, што секој од нас се обидува да ги потисне и тешко ги открива. Актеркста екипа ја сочинуваат Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски. Сценографското решение е на Васил Христов – Вуси, а костимите ги изработи Розе Трајческа. Користена е музика од Крсте Роџевски, додека дизајнот на плакатот е на Борче Димитриовски.

Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во Република Македонија, со поддршка од Министерството за култура. Премиерата се очекува кон крајот на септември.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Статистика се закануваше на граѓаните дека мора да се попишат, сега кој ќе одговара што пописот функционира само еден ден?!

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево време со краткотраен дожд во западните делови