Темен режим Режим на светлина

Три дена мултимедијална манифестација на Кокино – почнува денеска

Од денеска до 19 септември се одржува мултимедијалната културна манифестација „КОКИНО – Тврдина на сонцето“, на истоимената локација – во опсерваторијата.

Овие 3 дена ќе се одржат повеќе од 20 настапи на реномирани уметници од македонската сцена, вклучувајќи ги и концертите на: „Љубојна“, Дина Јашари, Тони Китановски, „Фулиш грин“, Драган и Ратко Даутовски, „Перија“, Сашо Гигов Гиш, „Сетстат“, „Летечки Пекинезери“, Џенгиз Ибрахим, „Чалгија Саунд Систем“, „21 Век“, „Тока Шитет“, Јон Ајди, диџејските сетови на Горан Кан, Флудер, Чарли и уште многу други музички изведувачи.

И не само концерти, мултимедијалната програма вклучува и театарски претстави, проекции на филмови, но и работилници. Ќе учествуваат стотина различни автори од полето на литературата, уметноста и културата, во величествен тридневен спој на различните уметнички правци од македонското творештво.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

До кога ќе чекаме да се направи анализа за високата смртност од ковид во Македонија?

Следна објава

Казнети 173 возачи во Скопје, 48 за брзо возење