Темно Режим Светло Режим

Пријатно сонце за празничниот ден, попладне најавен дожд

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денеска, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во вторник се уште ќе биде нестабилно со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а од среда се очекува стабилизирање на времето.

Претходниот Пост

Силјановска во Крушево, Мицковски во Скопје а Бендевска во Пелинце за Илинден

Следниот Пост

Мицкоски во честитката за Илинден: Оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро, и ќе покаже