Темно Режим Светло Режим

Приведени две лица во Сингелиќ, при претрес им пронашле 10 килограми марихуана, хашиш, оружје…

Разоткриени две лица кои биле вплеткани во трговија со дроги и оружје. Имено, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска ги уапсиле лицата А.В.(74) и С.В.(45) од скопски Сингелиќ, поради сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Од МВР информираат дека во текот на денешниот ден, по претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., при што пронашле повеќе пакувања марихуана (околу 10 килограми), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Во скопските ковид центри има 146 слободни места, се лекуваат 300 лица

Следниот Пост

Мисли ли некој на новиот раздор или само се брза со пописот?