Пронајдено оружје и дрога во возилото кое го управувал било причина за приведување на полициски службеник од Скопје вчера во Гостивар. Освен него, приведени биле уштe три други лица, исто така од Скопје.
-Синоќа во 21.40 часот во Гостивар на ул. „Илинденска“ поради постоење основи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, гостиварската полиција ги привела Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје, се наведува во информацијата.
При извршениот преглед во „бе-ем-ве“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К., пронајдено било огнено оружје – непозната марка, со рамка и осум куршуми, како и кеса со остатоци од прашеста материја.
-Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира полицијата.