Прокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Обилниот дожд кој вчера попладне го зафати Скопје предизвика проблеми на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Покривната конструкција не можеше да го издржи дождот па почна да протекува. Вработени на оваа високообразован институција се „снајдоа“ со поставување на кофи за да се соберат големи количества на дождовница.

На социјалните мрежи беше објавено видео од „Студентска револуција“ на кое се гледа како дождот откри дека е време да се изврши темелна реконструкција на покривната конструкција.

Претходна вестНови насоки за безбедноста на учениците, по дојавите за бомби ќе се преземаат мерки
Следна вестКазнети 248 возачи, 58 од нив возеле пребрзо