Нови насоки за безбедноста на учениците, по дојавите за бомби ќе се преземаат мерки

По нови насоки ќе се обезбедува безбедноста во училиштата врзано со се позачестените одјави за поставени бомби. Ова синоќа го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој рече дека се прават усогласувањата со Министерството за внатрешни работи. Тој информриаа дека е донесен посебен акт во делот на тероризмот и согласно него од денеска ќе се почне со нови активности. Како што рече, веќе се донесени одредени насоки за денешниот ден.

Тој додаде дека МВР патролно веќе ги обезбедува сите училишта 24 часа, но согласно новиот акт, веднаш по дојавата за бомба ќе треба да се преземат одредени мерки, и како што рече, од тоа нема да има отстапки.

-Ова не е активност со која може да се справи само МВР. Ова е активност со која треба да се справат сите институции и затоа се формираше работен тим во рамките на Владата, во кој влегуваат институциите – Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за електронски комуникации и секој има свои активности кои треба да бидат преземени во овој дел. Ние во овој период работевме интензивно и донесовме посебно упатство, односно посебен акт, што е во согласност со приликите кои се сега, заради тоа што имаше упатство кое беше застарено во делот на тероризмот. Согласно тоа упатство ќе започнеме нови активности, изјави министерот Спасовски при посетата на полициските службеници кои се дел од сообраќајната патрола на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, во одговор на новинарско прашање.

Претходна вестЛеб нема ни денеска, Владата ги обврза пекарниците и трговците да произведуваат и продаваат леб по замрзната цена
Следна вестПрокисна покривот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје