Темен режим Режим на светлина

Пронајдени дрога и муниција, приведени две лица во Битола

Полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со Полициската станица од општа надлежност Битола вчера ги лишија од слобода М. Ј. и Ј. Б., двете лица од Битола, извести МВР.

– Имено, при претрес извршен со наредба од Основниот суд Битола во дом и помошни простории кај М. Ј. од Битола биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со 8 куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки каписли за сигнален пиштол. Малку подоцна приведена е и Ј. Б. (34) бидејќи, по преземените мерки и активности, утврдено е дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот, соопшти МВР.

Лицата се приведени во Полициската станица Битола и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 и по член 215 од Кривичниот законик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Браво! Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија, со убедлива победа над Бугарија

Следна објава

Екс-министерот за правда Маневски поднесе кривична за пет лица во случајот „Бехтел и Енка“