Темен режим Режим на светлина

Прскалките што ги користел ДНК претходно запалиле завеса и звучници во Гевгелија, кажа сведок на продолжението на судењето

Прскалките што ги користел ДНК претходно запалиле завеса и звучници во Гевгелија, кажа сведок на продолжението на судењето Прскалките што ги користел ДНК претходно запалиле завеса и звучници во Гевгелија, кажа сведок на продолжението на судењето

Горан Игновски, сопственик на продавницата од која музичката група ДНК порано купувала прскалки, денеска на продолжението од судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс” сведочеше дека прскалките од кои настанал пожарот не биле купени од кај него. Тој тврдеше дека продавал прскалки со домет од метар или два, а тие што биле користени во дискотеката биле со домет од повеќе од 3 метри, и најверојатно биле купени на Бит-пазар.

На прашање од обвинителството дали некој друг од музичкиот свет купувал прскалки од кај него, сведокот негираше, но кажа дека претходно прскалки користени на настап на ДНК во Гевгелија исто така направиле запалување на платно и звучници.

Судењето продолжува со распит на други сведоци предложени од Обвинителството.
За пожарот во дискотеката „Пулс”, во кој загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени им се суди на 35 физички и на 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Шкендија ремизира со Брера, Вардар ја зголемува предноста

Шкендија ремизира со Брера, Вардар ја зголемува предноста

Следна објава
Редици пред бензинските пумпи, од полноќ цената на дизелот повисока за 14,50 денари

Редици пред бензинските пумпи, од полноќ цената на дизелот повисока за 14,50 денари