Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е машко, тешко е 3 килограми и 650 грама и е долго 51 сантиметар.
Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете.
Универзитетската клиника објави фотографии од тимот што дежураше на новогодишната ноќ и го донесе на свет првото бебе.