Темен режим Режим на светлина

Полицајци спасија 67-годишна жена од водите на Вардар

Полицијата утрово успеала да извлече 67-годишна жена од водите на реката Вардар во Скопје и со тоа да спречи таа да не се удави.

-Денеска (01.01.2021) во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во р.Вардар, во близина на хотел во Скопје, полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош.

Потоа жената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди, соопшти МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Десет граѓани примени на Токсикологија за новогодишната ноќ, шест малолетни

Следна објава

Починаа седум лица, а потврдени се 414 нови случаи на коронавирус во Македонија