Темно Режим Светло Режим

Растурена забава во скопски Карпош, приведени осум лица

На подрачјето на Општина Карпош на 04.01.2021 во 03.00 часот приведени се осум лица во подземна гаража на ул.„Анкарска“ на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), Д.Д.(34), Ц.С.(32), Д.П.(33) и С.П.(30), поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на ул.„Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, со цел спречување на ширење на коронавирус ковид-19. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Грашковска: За бадниковите огнови важи забраната за групирање на повеќе од 4 лица

Следниот Пост

580 нови случаи на корона вирусот, починати 9 лицa