Темен режим Режим на светлина

Рекордно откритие: Снимени риби што пливаат во океанот на длабочина од над 8.300 метри

На големо изненадување на научниците снимени се риби на длабочина поголема од 8.300 метри. Ова е направено на 8.336 метри длабочина во океанот јужно од Јапонија, а за тоа е користена самоодна подморница која била спуштена во длабочините.

Ова е фотографија на живиот свет на најголемата длабочина на океанот до сега во светот. Претходното најдлабоко набљудување на риба беше направено на 8.178 метри, појужно во Пацификот во Маријанскиот Ров.

Рибите биле снимен со систем на камера прикачен на пондерирана рамка што се ослободува од страната на бродот. Во рамката се додава мамка за да се привлече морскиот свет.

На длабочина поголема од осум километри, тие доживуваат повеќе од 80 мегапаскали или 800 пати поголем притисок отколку на површината на океанот. Нивните желатинозни тела им помагаат да преживеат.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Силувано 12-годишно девојче, 21-годишна девојка го соблекла и им помогнала на двајца малолетници да ја силуваат

Следна објава

Запалено ѓубре спроти „Ист гејт“ го загади Скопје