Темен режим Режим на светлина

Запалено ѓубре спроти „Ист гејт“ го загади Скопје

Црн облак од чад утрово се крева од паркингот спроти трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје Звонко Томевски за агенцијата Макфакс вели дека гори запалено ѓубре на паркингот.

– Чадот е од запалено ѓубре на паркингот кај хотелот ВИП. Пожарникарите со едно возило се на терен, а огнот е изгасен, рече командантот Томевски.

Дел од паркингот спроти „Ист гејт“ беше претворен во мини депонија од лисја, гранки и секакви отпадоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Рекордно откритие: Снимени риби што пливаат во океанот на длабочина од над 8.300 метри

Следна објава

Се отвора 14.Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје