Темен режим Режим на светлина

Рикер ја пренесе пораката на Вашингтон: Не може да се ставаат билатерални прашања на масата на ЕУ

Бевме стратешки партнери, сега сме сојузници и не може да имаме поблиски односи од сега, порача денеска помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, на прес-конференцијата во Охрид со премиерот Зоран Заев, каде беше дел од „Преспа форумот за дијалог“ изминатите два дена.

За тоа колку е цврста соработката на САД и Македонија, Рикер го посочи членот 5 за колективна одбрана, за кој рече дека е основа за односите меѓу двете земји.

Рикер, кој добро ја познава земјава каде во два мандати беше амбасадор и претходно работеше како одговорен за односи со јавност, повторно застана на страна на Македонија во спорот со Бугарија, како многупати досега во своите изјави и порача дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса.

Тој посочи дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден е фокусирана во целиот регион да владеат мирни односи внатре и со своите соседи и целосно интегриран во евроатланската мрежа. Факт е дека Северна Македонија е Европа. Ова е европска земја, јас кога долетувам овде е во Европа.

Тој уште еднаш јавно ја истакна поддршката од САД, земјите-членки на Унијата да ја одржат првата меѓувладина конференција со Македонија и Албанија и без одложување да ги остварат своите заложби и ветувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Набрзата Американка „падна“ на марихуана, може да не оди во Токио

Следна објава

Битолчанец и Охриѓанец си ги кршеле колите