РК Еурофарм Пелистер го запишаа шестиот пораз во Лигата на шампионите иако не изиграа лошо. Синоќа бодовите од Битола ги однесе европскиот вице првак Кјелце. Екипата од Полска победи 24:21.
Првото полувреме не доволно убедливо го одиграа играчите на македонскиот шампион, на крајот тоа беше клучно са победата на Кјлеце, кој во Битола допатува со само 12 ракометари.
Во вториот дел Пелистер одигра добро, особено во првите 15 минути кога дојдоа на само гол негатива (15:16). Сепак на крајот искуството и квалитетот на Кјелце пресуди за конечниот исход.
Тренерот на битолчани, Бранислав Ангеловски не успеа да приреди сензација на своето деби на клупата на Еурофарм Пелистер. Тој по мечот кратко истакна дека не е лесно да се игра против актуелниот европски вицешампион.
-Мислам дека премногу го респектиравме Кjелце на самиот почеток, што придонесе да се дојде до оние 2-9. Потоа правевме се за да се вратиме во игра, Лесјак бранеше чудесно на голот, дадовме лесни голови во нападот, но…, истакна тренерот.