Христијан Илиоски е новиот БМУ Европски мотокрос шампион

Христијан Илиоски доминираше годинава и стана новиот БМУ Европски мотокрос шампион во класата MX. Во Севлиево имаше над 130 натпреварувачи од Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Грција, Турција и Молдавија. Им благодарам на сите што учествуваа и ме поддржaа во сезона 2023.

Извозени 18 трки и освоено на сите прво место. Многу подвизи на почетокот да се издржи 2023 сезоната, но секогаш со многу верба, среќа, радост и работа да се истраe до крај за највисок пласман. Од срце благодарност на мојата фамилија, на моите спонзори и на моите фанови – вели Илиоски.

На конечната табела во класата MX во БМУ Европскиот мотокрос шампионат Илиоски освои максимални 250 поени, со победи во Кринидес (Грција), Афјон (Турција), Крешево (Босна и Херцеговина), Кортен (Бугарија), Глобаре (Србија) и Севлиево (Бугарија).

Претходна вестРК Пелистер го запиша шестиот пораз во ЛШ – Кјелце победи во Битола
Следна вестЏафери ги прецизира датумите за претседателските избори, ги повикува пратениците да се договорат