САД тврдат дека убиле поранешен борец на ИСИЛ

Официјалните лица во САД тврдат дека го убиле Калид Ајд Ахмед ал Џабури, поранешен борец на ИСИЛ за кој веруваат дека е одговорен за планирање терористички напади во Европа, за време на напад во Сирија, пренесува „Би-Би-Си“. Тој бил убиен во вторникот на непозната локација, се вели во соопштението на американската Централна команда.

Се наведува дека нема загинати цивили во нападот. Засега нема одговор од Сирија.

САД соопштија дека Ал Џабури развил водечка структура за ИСИЛ и дека неговата смрт „привремено ќе ја наруши способноста на организацијата да планира надворешни напади“.

Се вели дека ИСИЛ „останува закана“ за Блискиот Исток и другите делови на светот. Сепак, не беа дадени дополнителни детали за кои напади се верува дека планирал.

Претходна вестГоце Седлоски е нов тренер на албанскиот клуб Влазнија
Следна вестРусковска: По ова што ми се случи, секој обвинител со право ќе се праша – како да постапи со братучеди на функционери…