Утрово во 03:50 часот е саниран дефектот, кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Со санирањето на дефектот, додаваат оттаму, состојбата со водоснабдувањето во овој дел од градот е нормализирана.
Пукната голема водоводна цевка Ф -600, од вчера во 08:50 часот, ги остави без вода корисниците на дел од населбите Крњево, Керамидница, Трговскиот центар „Ист Гејт“, булеварот „Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук Оил“, Пожарната, а намален притисок имаа и населбите Маџари и Хиподром.
Голем дел од централното градско подрачје на Скопје остана без вода поради дефект на водоводна цевка кај МКЦ. Дефектот беше на кејот „Димитар Влахов“ во непосредба близина на Младинскиот културен центар.
Екипите на „Водовод и канализација“ во текот на вчерашниот ден беа на терен и работеа со целосна механизација за отстранување на дефектот.




