Темен режим Режим на светлина

СДСМ уверува: Пендаровски го врати достоинството на функцијата претседател на државата

Наближуваат претседателските ибори во Македонија. Раководството на СДСМ даде поддршка за втор мандат на Стево Пендаровски.

-Таа поддршка треба да се потврди и преку Централниот и Извршниот одбор и на крај да се официјализира на трети март, на Конгрес, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа потсети дека на претходните претседателски избори, Пендаровски доби поддршка од над 30 политички партии и различни етнички заедници и изрази надеж дека тоа ќе се случи и овој пат.

-Поддршката за Пендаровски стои и сега од различни етнички заедници, тој има поддршка од различни луѓе кои знаат да ја вреднуваат работата и трудот на еден човек кој се вложил во мандатот што го имал претходно. Еден од неговите главни адути е тоа што сите граѓани од сите етнички заедници препознаа дека тој работи за сите граѓани, дека не ги дели по ниту еден основ, па ниту по партиски основ. Стево Пендаровски го врати достоинството на функцијата претседател на државата и мислам дека на овие избори повторно на дело ќе ја видиме поддршката од граѓаните кон него, посочи Кузеска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тирана утре и задутре домаќин на самитот Украина-Југоисточна Европа, Зеленски пристигнува вечер

Следна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Полицаец од Крушево фрлил доверливи документи на МВР и БЈБ во депонија