Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Владата намерно не бара екстрадиција на Груевски

СДСМ: Наместо луксуз за функционерите, 600 евра минимална плата СДСМ: Наместо луксуз за функционерите, 600 евра минимална плата

Владата призна дека нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, велат од СДСМ.

Ова признание, според нив е директна потврда на сè што имаат кажано.

„Признанието го руши секој нивен изговор и ја открива вистинската врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Владата на Мицкоски е заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија.

Од Будимпешта Никола Груевски е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е само негов извршител“.

Тоа како што додаваат од опозициската партија, се гледа и по политичките чекори кои ги презема, злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, АНБ, УЈП, инспекции.

Напад врз независни институции, политичка хајка против опозицијата, меѓународна изолација, блокирани реформи, намалување на слободата на медиумите. Копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски.

СДСМ ќе се спротивстави на овие обиди Македонија повторно да биде заложник на Никола Груевски и на ретроградни политики кои граѓаните ги поразија“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Денеска нова цена на парното

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски