Темно Режим Светло Режим

Се бара притвор за дилерот кој снабдил дрога за забавата во станот во Центар

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Истрага и барање за притвор покренало Основно јавно обвинителство против 28-годишник од Скопје за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Станува збор за случајот со родендеската забава во изнајмен стан во центарот на Скопје на која биле користени разни видови дроги.

-На 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, 28-годишниот осомничен неовластено држел 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции – 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). При претрес на станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога, стои во соопштението од Обвинителството.

Ова следува откако полицијата вчера објави фотографии од журка во стан во центарот на Скопје каде упаднала завчера по претходна наредба од Основен кривичен суд. На забавата во тој момент односно во 21.30 часот присуствувале 13 лица, а полицајците успеале да најдат и да запленат и кокаин, амфетамин. Станот е во сопственост на правно лице.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Санкции за 258 возачи, 16 возеле без дозвола

Следниот Пост

„Опел“ влетал кај нотар во Автокоманда